Ким Карадшијан продолжува да го шири својот бренд од милијарди долари на глобално ниво.
Таа соопшти дека „Скимс“ официјално е лансиран во Кина.
41-годишната Ким – инфлуенсерка од џетсетот а сега и успешна деловна жена – се огласи на Инстаграм во вторникот за да ја сподели веста за сè поглобалното преземање на својот бренд.
Во својата објава, таа откри дека линијата долна облека за затегнување и обликување на телото е достапна за купување во два големи града: Шангај и Хонгконг, преку стоковната куќа „Лејн Крафорд“.