По петтото коло што заврши вечерва познати се 11 од вкупно 16 осминафиналисти во Лигата на шампионите, а испаднаа две екипи што имаат титули во елитното натпреварување.
Жуниор Месијас во 87. минута му донесе спас на Милан и победа во Мадрид со 1:0 против Атлетико со која Росонерите остануваат во игра за пласман во осминафиналето во ЛШ.
Ливерпул го победи Порто со 2:0 и имаат максимални 15 бода, а разврската во групата за второто место ќе биде ингтересна. Порто има пет бода и ќе му биде домаќин на Атлетико, кој има четири бода како и Милан, кој му е домаќин на Ливерпул.
Со фазата по групи од настап понатаму во Лигата на шампионите вечерва се прости и Борусија Дортмунд. Милионерите исто како Милан ја имаат освојувано Лигата на шампионите, но поразот од 3:0 во Лисабон од Спортинг ги елиминира уште во фазата по групи.
Педро Гонкалвеш со два гола и Поро со еден го декласираа германскиот тим.
Од таа Ц група со Лавовите од Лисабон во нокаут фазата оди и Ајакс, со 15 бода на пет меча.
Во дербито на петтото коло Манчестер сити направипресврт и со 2:1 го победи Пари Сен Жермен, а и двете екипи одат понатаму, благодарение на победата на лајпциг против Бриж со 4:0.
Манчестер Сити му се реваншираше на ПСЖ за поразот во првиот дуел во Париз и дефинитивно го освои првото место во својата група. Победата од 2-1 дополнително добива на значење бидејќи е остварена со пресврт откако „светците“ го отворија резултатот, а се што беше важно се случи во второто полувреме. Килијан Мбапе во 49. минута искористи една одбиена топка за предност на ПСЖ и се чинеше дека францускиот претставник ќе дојде до победата на овој меч. Сепак, во продолжение Стерлинг и Габриел Жезус се погрижија за пресврт и четврта победа на Сити во групната фаза.
Во соминафиналето се и Реал Мадрид и Интер по победите против Шериф и Шахтар. Интер славеше со 2:0 со двата гола на Един Џеко против Шахтар и потоа си дочека победа на Кралскиот клуб од 3:0 во Тираспол против Шериф за да биде сигурен патник во осминафиналето.