Јувентус дава 50 милиони евра за Влаховиќ, Фиорентина сака 70

Повеќекратниот италијански фудбалски шампион Јувентус има намера да го ангажира напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ. Клубот од Торино е подготвен да им понуди на виолетовите 50 милиони евра за да го купи најдобар стрелец на Фиорентина во зимскиот преоден рок, пишува „Газета дело спорт”.

„Бјанконерите” ги засилија напорите за трансфер на Србинот, бидејќи самиот Влаховиќ е заинтересиран за преселба во Јувентус.

Од друга страна, Фиорентина сака да добие 70 милиони евра за 21-годишниот играч.

Влаховиќ оваа сезона постигна 10 гола на 13 натпревари во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави