Хитот на Д Викенд, Blinding Lights, го собори евергринот на Чаби Чекер од 1960-тите, The Twist, како песна број 1 на сите времиња на топ-листата синглови на „Билборд“.
„Билборд“ во вторникот (24 ноември) објави дека синглот на канадскиот уметник поминал 90 недели на нивната табела „Хот 100“. Исто така, песната била во првите топ-5 хитови цели 43 недели и во првите топ-10 хитови 57 недели.
„Билборд“ соопшти дека долгото задржување на топ-листите ѝ ја донесе на Blinding Lights титулата број 1 песна на Билборд Хот 100 најдобри песни на сите времиња.