Трофејниот англиски фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед кој викендов остана без тренер откако му даде отказ на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер по разочарувачкиот пораз од Ватфорд ја продолжува потрагата по неговиот наследник на клупата. Според „БИЛД“, Јунајтед остварил контакти и со актуелниот италијански селектор Роберто Манчини, но добил негативен одговор. Манчини им соопштил дека негова задача е да ја однесе Италија на СП-2022 во Катар.
Претходно и трфоејниот француски стартег Зинедин Зидан ја одби можноста да седне на клупата на тимот од Олд Трафорд.
Вчера во ЛШ против Вилјареал, екипата ја водеше Мајкл Керик, кој оствари триумф од 0:2 на гостински терен, со кој Јунајтед обезбеди пласман во 1/8 финалето.