Сандра Булок се присетила на гест со кој Киану Ривс ја воодушевил пред 25 години

Сандра Булок се присетила на анегдота со миленикот во Холивуд, Киану Ривс, со кој во 1994-та година го снимала филмот „Speed“.

Булок за „Esquire“ раскажала дека еднаш во разговор со Киану рекла дека никогаш не пробала тартуфи, ниту шампањ.

Неколку дена подоцна, Ривс пристигнал пред нејзиниот дом со мотор, со цвеќе, шампањ и тартуфи во рака.

„Само помислив дека би можела да пробаш тартуфи и шампањ, да видиш какви се…“, ѝ рекол Ривс. Ова се случило пред околу 25 години.

Во 2018-та година актерката признала дека се заљубила во Ривс додека го снимале филмот „Speed“. Мислела дека не е обострано. Меѓутоа, подоцна Киану потврдил дека всушност било обострано.

„Таа не ни знаеше дека сум заљубен во неа“, раскажал тој.

Ривс важи за еден од најсимпатичните лица во Холивуд. Неодамна ја изненадил филмската екипа која работела со него со скапоцени подароци – на секој од нив му купил Rolex.


Треба да знаете
Последни објави