Ѓорческа запрена во второто коло на турнирот во Чешка

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не го мина второто коло на ИТФ фјучерсот во Миловице (Чешка) што се игра на тврда подлога и за награден фонд од 25.000 долари.

Лина (петта носителка) во денешната битка беше поразена од 17-годишната Линда Носкова од Чешка со 2-1 во сетови по два часа игра на теренот број два. Македонката имаше катастрофален прв сет и истиот го загуби со 6-0 за да во вториот по голема борба успее да слави во тај-брејкот со 8-6 и да израмни на 1-1.

Во третиот сет Ѓорческа лошо започна и дозволи Линда да дојде до 3-0 во гејмови, предност која се покажа како клучна затоа што тинејџерката не ја испушти и со 6-4 обезбеди место во наредната рунда.

Треба да знаете
Последни објави