Едно од најголемите имиња во германскиот фудбал Лотар Матеус, кој ја извлече Македонија во последната и најтешка група Ц од разигрувањето во евро-зоната за мундијалски пласман идната година во Катар, каде ќе игра со актуелниот европски првак Италија, а другата полифинална двојка е Португалија – Турција по ждрепката порача:
-Каква група Ц, секако – најтешката група! Една Италија и Португалија нема да ги гледаме во Катар. Ќе биде навистина интересно на овие два меча, а не ја отпишувајте Македонија предвреме. Мислам дека Македонија ќе игра добар фудбал со Италија. Мислам дека сите видовме дека во овие квалификации Македонија ја победи Германија, рече Матеус.