Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош по поразот од Србија во последните минути од последното коло во квалифиакциската група за пласман на СП-2022 и елиминацијата за директен пласман во Катар, кажа дека неговата селекција сигурно ќе патува на мундијалската завршница по разигрувањето. Расположението и самодовербата му се разнишаа по денешната ждрепка за составот на квалифиакциските групи. Португалија се најде во Ц групата каде најпрво игра со Турција, а потоа со подбриот од Италија и Македонија.
-Далеку е натпреварот со Италија, а можеби и против Македонија. Нема никаква потреба да збориме за евентуално финале, бидејќи треба да ја поминеме Турција. Турците некогаш знаат да одиграат фантастично како тим, но некогаш знаат и да потфрла, изјави Сантош.