Италијанскиот фудбалски калчолигаш Рома одиграа најдобро кога беше најпотребно и ја декласира украинската Зорја (4-0), која им беше директен конкурент за пласман во следната фаза од Конференциската лига. „Римската волчица“ постигна по два гола во обете полувремиња, а промаши и пенал. Рома сега се сигурен патник во следната фаза, а дури по одигрувањето на последното коло од групната фаза ќе се знае дали ќе го прескокнат првиот круг од нокаут-рундата.
На едно коло пред крајот на групоната фаза во нокаут фазта од Конференциската лига пласман обезбедија екипите на Гент, Феенорд, Копенхаген, Рен, Макаби ТА, Ласк, Карабах, Базел, Бодо Глимт, Рома и АЗ Алкмар.