Навивачите на Легија Варшава предизвикаа големи нереди на „Кинг Пауер“ стадионот за време на натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Лестер и полскиот тим.
Навивачите на Легија прво направија пиротехничко шоу поради што мораше да реагира обезбедувањето кои немаше шанси да им се спотивстави на полските фанови и поради тоа се вклучи и полицијата.
Појавувањето на полицајци на трибината ги разлути хулигаите кои тргнаа да се тепаат и со обезбедувањето и со полицијата.
Покрај тоа, полските навивачи се обидоа и да се пробијат до делот каде се наоѓаат и домашните навивачи, но не успеаја да го пробијат полицискиот кордон.
https://twitter.com/i/status/1463998807981580289
Според извештаите, има и полесно повредени, а Легија сигурно ќе биде казнета од УЕФА бидејќи станува збор за меѓународен натпревар.
На теренот, фудбалерите на Лестер славеа со 3:1 и се искачија на првото место во групата Ц пред Спартак Москва и Наполи кои имаат по седум.