Пиоли потпишува нов договор со Милан

Искусниот италијански стратег, Стефано Пиоли ќе потпише нов договор со еден од најголемите гиганти на стариот континент, тимот на Милан.

Пиоли од 2019 година е на кормилото на „росонерите“, екипа која успеа да ја разбуди и ја врати при самиот врв на италијанскиот фудбал. Имено тој минатата сезона го предводеше составот до вицешампионското место што значаше кам-бек за клубот од Лигата на шампионите каде во оваа кампања може и да обезбеди место меѓу 16 најдобри.

Кога е во прашање Серија А тука „црвено-црните“ се на делба на првото место соо Наполи, па сосема заслужено Стефано добива нов договор кој според информациите ќе биде со важност до 2024 година и со поголема годишна плата од сегашната.

-Чувствувам хармонија во клубот. Има повеќекратна поврзаност, емпатија и почит меѓу мене како тренер, менаџерите и околината. Мораме да продолжиме по овој пат, бидејќи само постојаната работа, идеи и квалитет можат да направат разлика. Потписот ќе стигне, само што не е, -рече Стефано по вчерашниот триумф над Атлетико Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави