ПСЖ му поставил два услови на Манчестер јунајтед за да го ослободи Покетино

Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед го реши прашањето со тренерот до крајот на сезоната со ангажманот на Германецот Ралф Рангник, кој во новата сезона ќе се пресели во директорската фотелја, а за тренерското столче ќе се бара нов старатег. Во опција остана Аргентионецот Маурисио Покетино, кој беше во игра да дојде на „Олд Трафорд“ и по отказот на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер.

До договор меѓу Манчестер јунајтед и францускиот ПСЖ чиј тренер е Покентино не додјде бидејќи „светците“ поставило два услови пренесуваат медиумите од Островот. ПСЖ за да го ослободи Покетино на средина од сезоната барале прво англискиот гигант да плати отштета од 15-20 милиони евра и да му остави доволно време на клубот да најде негова замена.

Токму поради тоа Манчестер Јунајтед се откажал да испрати официјална понуда до Покетино, а ПСЖ не го контактирал Зидан, кој беше прв избор во случај да замине Аргентинецот.

Треба да знаете
Последни објави