Вчера во 13.30 часот на Граничниот премин „Ќафасан”, при влез во државата, од полициски службеници бил лишен од слобода T.O.(33) од Албанија, поради тоа што од извршените гранични проверки било констатирано дека се наоѓа на стоп-листата од со мерка „апси” на барање на Интерпол.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР.