Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов истакна дека вчера имало координативен состнок на субјектите кои се вклучени во системот за управување со кризи и оти таму било конататирано дека ЈП „Македонија Пат” има план за делување.
Центарот за управување со кризи е подготвен да се стави на располагање на сите органи и институциите, но, и на граѓаните во претстојниот зимски период кога се можни пообилни врнежи од снег. Државата има план за акција во такви услови, пред се во насока на одржување на магистралните и регионалните патишта. Проблем претставува недоволниот број возила и механизација со која располага ЈП „Македонија Пат” и нивни чести дефекти. Исто така, потребно е и локалните самоуправи да се подготват со оглед на тоа шпто локалните патишта се под нивна надлежност.
Ова е пораката што денеска беше упатена од прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во врска со координацијата за одржување на патиштата и превенција за зимски услови во државата.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов истакна дека вчера имало координативен состнок на субјектите кои се вклучени во системот за управување со кризи и оти таму било конататирано дека ЈП „Македонија Пат” има план за делување. Проблем, според него, може да претставува малиот број возила со кои за оваа намена располага јавното претпријатие.
-За жал од она што можевме вчера да го констстираме бројот на возила кој го поседува ЈП „Македонија Пат” не е доволен и тоа не е ново. Ваквата состојба трае не со години, туку со децении наназад. И покрај тоа што нема доволем број возила, дел од постоечките возила се доста застарени и често се случува додека интервенираат на патиштата да доаѓа до разни дефекти кои се отстрануваат на лице место, за да можат да продолжат со чистење, рече Ангелов.
Сепак, додаде, наша обврска како држава е во секој момент да бидеме подготвени без разлика што зборуваат прогнозите оти очекувано е во декември, јануари и февруари во било кој момент да има пообилни врнежи од снег.
-Ние како ЦУК стоиме на располагање на граѓаните секогаш кога ќе има загрозување на нивниот живот здравје или материјални добра. Тие треба да го повикаат бројот 195, а ние во координација со полицијата, а по потреба и со Армијата ќе им помогнеме на сите на кои им треба помош, рече Ангелов.
Драги Тарчуговски од ЦУК, појасни дека вчера на координативната средба учествувале претставници на УХМР, ЈП „Македонија пат”, МВР, АРМ, ЈП Железници и инфраструктура, Дирекција за заштита и спасување, Црвениот крст и АМСМ.
-Генерален заклучок од состанокот е дека ЈП „Македонија Пат” има и го споделила планот за зимско одржување на патишта. Тие се поделени во четири категории по приоритет и ќе се чистат во согласност со лимитираните можности и капацитети на јавното претпријатие, како и со користење на услуги од трговските друштва со кои тоа има склучено договори и кои располагаат со соодветна механизација и човечки ресурси, рече Тарчуговски.
Напомена дека локалните патишта се во надлежност на локалните самоуправи и Градот Скопје. Затоа упати апел тие да ги проверат договорите што ги имаат со трговските друштва и поединците.
-Упатувам апел до општините да ги проверат договорите за зимско одржување на патиштата и да располагаат со податоци за можностите и капацитетите со кои раплагаат трговските друштва кои механизации ги имаат, какви човечки ресурси, дали механизацијата е во исправна состојба и дали имаат со доволни количини сол, истакна тој.
Потсети дека останува и обврската на граѓаните и трговските друштва да го чистат снегот на тротоарите пред нивните домови и објекти за да се овозможи непречено и безбедно движење на граѓаните.