На седница на Советот на општина Берово едногласно беше поддржана иницијативата за именување на улица според пожарникарот Жан Кофол, кој учествуваше во гаснењето на пожарите во Малешевијата, но кој за жал, кратко потоа почина во сообраќајна несреќа.
Така, улицата која досега беше нумерирана со број 20, ќе го носи неговото име, во спомен на младиот човек кој учествуваше во спасот на целиот реон.
-Младиот пожарникар беше дел од групата пожарникари од Словенија кои помогнаа во сузбивањето на огнената стихија во Берово и Пехчево. Општината во негова чест отпочна постапка за преименување на улицата „20″ во улица „Жан Кофол” што на денешната седница на Советот наиде на едногласна поддршка од советниците – рече градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
Кофол почина на само еден ден пред да наполни 20 години.