Македонскиот и двократен европски ракометен правак Вардар утре (20.45 ч.) ја продолжува својата нов меѓународна приказна во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите со одигрувањето на деветтиот натпревар во групата А на гости кај германскиот Кил (20.45 часот). „Црвено-црните“ се во непријатна серија од пет порази во низа и се наоѓаат на шестата позиција со пет бодови, а бундеслигашот е на третото место со 11.
– Нè очекуваат три многу важни натпревари, првиот е во Кил каде што секако не сме фаворити, ниту една екипа во Европа не е фаворит во Кил. Би било многу важно за нас да одиграме еден добар натпревар, бидејќи тоа би било значајна мотивација за мечот во Загреб (8 декември) и дуелот во Битола против Еурофарм Пелистер (18 декември). Што се однесува до составот, имаме проблем, Гаџа доби вироза и единствениот среден бек, класичен кој го имаме, нема да патува со нас, тоа ми прави многу проблеми. Се враќа Куни Моралес, иако не е 100% подготвен, но сепак да биде во контакт со самиот амбиент, за да не направи преголема пауза.
И голманот Борко Ристовски сè уште не се опоравил од проблемот кој го има веќе подолг период, јас се надевам дека и тоа брзо ќе се реши, вели Веселин Вујовиќ тренерот на Вардар прред заминувањето на експедиоцоијата за Германија.
Вардар од претстојните три натпревари би бил задоволен да оставри две победи.