По еднонеделно одложување што уследи поради автобусната несреќа во Бугарија во која животот го загубија 45 македонски граѓани, денеска (13 часот) ќе се одиграат предвидените натпреаври од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија. Иако не блескаат сезонава, Пелистер е последнопалсиран во прволигашката конкуренција, а скопски Вардар се мачи во второлигашкото друштво за експресно да се врати во елитното домашно натпреаврување, нивната пресметка во Битола го привлекува вниманието. Вечното македонско дерби „Под Тумбе Кафе“ ќе биде можност за двата тима да се рехабилитираат за лошите првенствени резултати.
Бранителот на трофејот Силекс во оваа елиминаторна рунда ја пречекува штипска Брегалница. И тимот од Кратрото сезонава е во второлигашкото друштво каде немаат пораз. Доминираат и се на вистинскиот пат веќе во новата сезона да бидат прволигаши. Колку е силен тимот на кратовскиот второлигаш вистинско мерило ќе биде денешната пресметка со Брегалница која добро котира на прволигашката сцена.
Во преостанатите два дуели од оваа рунда Шкендиоја во Тетово го пречекува тимот на Струга ТЛ, а во градското дерби во „Ѓорче Петров“ нова пресметка ќе имаат Македонија и лидерот во првенствената трка Шкупи. На почетокот од минатиот месец во битката за бодови чаирчани беа поразени на гостувањето кај Македонија ЃП.