„Нема иднина за ЕУ без иднината на Западен Балкан. Не можеме еден без друг. Секоја добра практика треба да ја пренесуваме еден на друг, за да се забрза овој процес“, порача црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, на отворањето на регионалната конференција за Западен Балкан насловена како „Иднината на Европа е нашата заедничка агенда“.
Целта на ЕУ треба да биде веродостојно продолжување на процесот на проширување, изјави државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Гашпер Довжан. Тој вели дека доколку целта на земјите од Западен Балкан е да станат полноправни членки на Европската унија и да ги исполнат своите задачи на патот кон Унијата, и Европската унија мора да покаже кредибилитет и да ја остави отворена вратата за членство.
Доколку тоа не се случи, другите актери ќе ја искористат можноста да го прошират своето влијание и интереси во регионот на Западен Балкан, рече Довжан.
На конференцијата учествуваше и македонскиот вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој порача дека Западен Балкан треба да покаже дека може да работи заедно, а ЕУ да докаже дека ја разбира стратешката важност на проширувањето.
Настанот е организиран во соработка со Германската организација за меѓународна соработка (ГИЗ).