Локалните избори не се поврзани со централната власт, а владејачкото мнозинство е стабилно, вели вицепремиерот Артан Груби, во гостувањето на ТВ Алсат додавајќи дека ДУИ и СДСМ имаат договор да ја водат државата четири години.
Според него направени се многу чекори да се води земјата напред, а Зоран Заев е клучниот човек што ја унапредил европската перспектива на Македонија.
За Груби, Алтернатива е добредојдена во власта затоа што веќе била дел од плодна и продуктивна коалиција со СДСМ и ДУИ, а партијата има слични гледишта како владините партнери, меѓу кои најважна е нејзината желба за европско интегрирање на земјава.