Младиот 22-годишен македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас доколку вечерва (20.45 ч.) добие шанса да настапи за италијанскиот калчолигаш Наполи на гостувањето кај Сасуоло во рамките од 15. коло во Серија А ќе прослави јубилејен 100. меч во дресот на тимот од Неапол.
Елмас пред две ипол години пристигна во Наполи од турскиот Фенербахче и досега има 73 настапи во Серија А и постигнато четири гола. Во Купот на Италија има одиграно девет натпреаврии постигнал еден гол. Еден настап има и во италијанскиот Суперкуп. На евро-сцената за Наполи, Елмас има одиграно 16 меча и двапати се има запишано во листата на стрелците. Вкупно има 99 настапи за наполи и шест постигнати голови.