Глумецот Кори Хокинс постојано се издигнува во Холивуд откако обезбеди повеќе вредни улоги во филмови за само неколку години.
По рап-драмата „Straight Outta Compton”, каде што го глумеше Доктор Дре, „Кинг Конг”, „Живи мртовци” итн., сега тој се најде и во монохроматската филмска адаптација на „Трагедијата на Магбет” (Tragedy of Macbeth), од Вилијам Шекспир, каде што глуми наспроти еден од неговите идоли – Дензел Вашингтон. Да се работи заедно со „ветеранот” е сон за многумина во филмската индустрија. Но, за Кори, Вашингтон (67) бил вистински ментор.
– Јас сум му бескрајно благодарен на тој човек. Го познавав и претходно, но сега навистина „го делам екранот” со него… И просторот, седам во неговата соблекувална и разговараме, се молиме, те слуша, зборувате за спорт, што и да е… Знаете, велат дека никогаш не ги запознаваме своите херои, а ти ја побиваш таа гласина, човеку, бидејќи тој е најголемиот на сите времиња!, вели Хокинс (33), за интернет емисијата „Варајети”.
Тој вели дека повозрасниот колега оскаровец постојано се изненадува не само другите, туку и себеси.
– Како прво, подобро е да го дадеш своето најдобро во работата со Д. (Дензел). Тој не трпи будали и доаѓа спремен на работа, па и ти, подобро – дојди спремен на работа. Забавата во работата е тука, но за мене ова беше уживање. Благодарен сум што сум овде и што го имам како ментор, нагласува младиот глумец.
Кори Хокинс не е единствениот млад глумец кој работел со двократниот оскаровец. И Мајкл Б. Џордан има слични врвни впечатоци. Дензел го режираше „Дневникот на Џордан” (A Journal for Jordan), а Мајкл овде е во главната улога.
– Кога Дензел режира, тоа е како имате маестро за сè!, изјави Џордан. – Тој се појавува секој ден на работа и дава сè од себе. А, заминува без ништо „во резервоарот”, така што треба да ја усогласите таа енергија и „тој погон”. Тоа дефинитивно ме поттикна да направам повеќе.
И двата филма излегуваат на 25 декември годинава.