Лице заразено со нов сој на коронавирус, попознат како омикрон, било на голем концерт во саботата, соопшти денеска данската управа за безбедност на пациенти.
Лицето било едно од 1.600 луѓе кои присуствувале на концертот на данскиот диџеј Мартин Јенсен во Алборг, град на северот на земјата, јавуваат медиумите во светот.
Данска веќе потврди четири случаи на новиот сој омикрон, од кои сите патувале во Јужна Африка.
Портпаролот на данската управа за безбедност на пациенти не можеше да потврди дали заразениот посетител на концертот бил на патување.