Куќата во која Џорџ Харисон живеел како дете е продадена за 171,000 фунти на аукција.
Семејството на гитаристот на „Битлси“ се преселило во скромната куќа на улицата „ Аптон Грин“ 25, Ливерпул, во 1949 година кога тој имал шест години.
Харисон вежбал со Џон Ленон и Пол Макартни во куќата, која неговото семејство ја напушти во 1962 година.
Американски фан на легендарниот бенд ја купил куќата кога била објавена за продавање во Omega Auctions во Њутн Вилоус, Мерсисајд.
Аукционерот Пол Ферведер рече дека Американецот е „љубител на Битлси, но го гледа и како добра инвестиција“.
На истата аукција, оригинален натпис од улицата Карнаби во Лондон од 60-тите достигна цена од речиси 5.800 фунти.
„Кверимен“ (The Quarrymen), тогашната група на Ленон, вежбаше во куќата на „Аптон Грин 25“ кога тој, Харисон и неговиот колега Пол Макартни беа тинејџери.
Куќата последен пат беше на пазарот пред седум години, а ја купи фан на „Битлси“ за 156,000 фунти.
Харисон почина од рак на 58-годишна возраст во 2001 година.
Џорџ Харисон вежбаше со Џон Ленон и Пол Макартни во неговата семејна куќа, пред Ринго Стар да се приклучи на бендот