Пари Сен Жермен беше во славеничко расположение, се славеа „Златната топка“ за Лионел Меси и наградата за голман на годината која ја доби Џиџи Донарума, но не се прослави и победа над Ница во мечот од француската Лига 1.
Немаше погодок на „Паркот на принцовите“, иако ПСЖ упати 22 шута, од кои пет во рамките на голот на гостите.
Иако „светците“ доминираа, играа во силен состав со Меси и Мбапе во нападот, не успеаја да го скршат гостинскиот отпор. И покрај многуте шанси пред голот на Ница, обидите на Хакими, Мбапе, Ди Марија, Мендеш не беа реализирани, а на спротивната страна најопасен беше Долберг.
ПСЖ е убедливо први со 12 бода пред Марсеј. Марсеј кој има и еден меч помалку од Светците, вечерва победи во Нант со 1-0.