Сандра Булок се збогува со својот стан високо над Лос Анџелес во кулата Сиера Тауерс откако го објави на пазарот на недвижности.
57-годишната актерка го огласи стилскиот луксузен апартман во висококатницата во Вест Холивуд за 4,5 милиони долари.
Таа има уште еден апартман на истата локација, пренесуваат таблоидите, додавајќи дека планира да го задржи вториот.
Скапата висококатница, која „Холивуд репортер“ ја опишува како „необична и секси“ дестинација за славните личности од т.н. А-листа, ретко има отворени простори благодарение на големата побарувачка од холивудските ѕвезди.
Станот на Булок се наоѓа на 22. спрат од 31-катната кула и е целосно реновиран.
Единицата, која датира од 1965 година, претходно беше во сопственост на ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери, пред таа да ја купи. Во високата кула моментално живеат Кортни Кокс, Адам Сендлер, Кели Озборн и рокерот Пи Џеј Харви.