Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација.
Зборувајќи во име на организацијата, службеникот рече дека нема докази кои сугерираат дека ефикасноста на вакцината е намалена поради новиот вид, но истакна дека некои мутации на вирусот укажуваат на зголемен ризик од побрзо пренесување.
Тој иџзјавил дека повеќе од 40 различни мутации биле идентификувани на варијанта на корона вирусот наречена омикрон.
Претставникот на СЗО, додаде дека сè уште не се знае многу за новиот вид, но раните индикации укажуваат дека повеќето случаи се „благи“.