Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, во вечерашното гостување на ТВ21, одговарајќи на прашањето дали автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија е регистриран, рече дека регистарската табличка на автобусот не постои во евиденцијата на транспортните власти.
Јас добив 58 извештаи од Министерството за внатрешни работи од „Деве Баир“ и сите регистарски таблички на возилата се регистрирани. И јас ја имам оваа регистарска табличка. Но, тоа не е тој автобус. Табличката на овој автобус не постои, рече Хусеини.
Тој уште еднаш повтори дека не е одговорен за фактот што автобусот ја поминал границата 130 пати и што не е регистриран никаде.
-И јас се чудам. Јас не добив никакво известување од Царинската управа дека автобус на „икс“ компанија ја поминал границата без извод од лиценца, и покрај тоа што има законска обврска да ме извести и да не дозволи автобусот да ја помине границата. Едно нешто е јасно – ако нема извод, не смее да ја помине границата“, рече Хусеини во емисијата „Клик плус“.