Баерн е мотивиран Барселона да го плати цехот за Златната топка!

Фактот што индивидувалната награда „Златната топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер во годината ја доби поранешниот играч на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси кпој од летово е челн на ПСЖ, а не Полјакот од редовите на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, дополнително го мотивира бунделигашот за дуелот со шпанскиот гигант во рамките од Лигата на шампионите. Во последните години Баерн Минхен стана кошмарен за Барселона, а овие два тима нова средба имаат веќе в среда.

Баерн Минхен веќе го освои првото место, а Барселона веројатно ќе мора да победи за да оди во нокаут фазата. Триумф нема да им треба само во случај Бенфика да не го совлада Динамо Киев. Баерн Минхен можеше овој меч да игра и со „резервен“ тим, но случувањата со „Златната топка“ влијаат мотивирачки на Баварците кои најавуваат дека за ваквиот епилог цехот ќе го плати Барселона.

-Од баварска, полска и германска гледна точка, изборот за Златната топка беше разочарувачки. Иако веќе некое време оваа награда е бизнис, па исходот не ме изненадува, ме натера да мислам дека иако ние во Бундеслигата имаме одлични фудбалери, можеби повеќе ни треба меѓународна промоција, интернационален успех, вели Милер.

-Тоа е огромна мотивација за мене, да дадеме се од себе, да ја вратиме титулата од Лигата на шампионите во Минхен, и да му покажеме на светот кој е кој. Пред се, што може да понуди германскиот фудбал. Следната можност да го направиме тоа е мечот од Лигата на шампионите против Барселона. Па ајде да го направиме – појанува Милер.

 

Треба да знаете
Последни објави