Шер, Рита Ора, Иги Поп, Џенифер Хадсон и други музички ѕвезди заземаат централно место во календарот на Пирели за 2022 година, претставен во понеделникот, а го направи канадскиот рокер и фотограф Брајан Адамс.
Сепак, 62-годишниот Адамс не можеше лично да го искаже својот став за календарот во Милано, откако беше позитивен на тестот за Ковид-19 по пристигнувањето во Италија минатата недела. Тој се приклучи на прес-конференција од далечина преку видео.
Наречен On The Road, календарот се обидува да прикаже еден ден од животот на музичар на турнеја.
На корицата е прикажана гитаристката и пејачка Ени Кларкс („Ст. Винсент“) како позира со Пирели-пик за гитара на јазикот. Има слики од Шер и Иги Поп во соблекувални, Рита Ора во када, раперката Савити турка количка за багаж, и Џенифер Хадсон опкружена со цвеќиња.
Раперот Бохан Феникс позира на пијано додека фотографијата на Грајмс е поставена во футуристички амбиент. Адамс, кој ги направи фотографиите во Лос Анџелес, Капри и Канада минатото лето, исто така се појавува.„Со сите овие слики, фантазијата игра голема улога во обидот да се создаде нешто“, рече тој. „Бидејќи не сакате да биде буквално, сакате да биде гламурозно, но сепак дава впечаток како би можело да изгледа.
Откако пристигна во Милано минатата недела, Адамс соопшти дека повторно, втор пат за еден месец, е позитивен на Ковид-19. Оттогаш тој објави неколку фотографии, заблагодарувајќи им се на лекарите и медицинските сестри кои се грижат за него.
Адамс е најпознат по песните како Summer of ‘69, Heaven, Everything I Do I Do It for You.
Како фотограф, ги снимал Мик Џегер и Наоми Кембел, како и британската кралица Елизабета. Тој има објавено и книги со негови фотографии, вклучувајќи и една за повредени британски војници.