Аргентинецот Лионел Меси во понеделникот ја доби седмата „Златна топка“,а по тој повод организираше забава во Париз со соиграчите од ПСЖ и нивните сопруги. Единствен кој не добил покана бил сонародникот на Меси, напаѓачот Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара.
Според аргентинскиот новинар Анхел Де Брито кој ја објави веста како причина за овој потег на Меси се додава дека не се во добри односи. Икарди изминатиов период често е дел од таблоидите поради љубовниот скандал и обидот да ја изневери Ванда Нара со аргентинската актерка Чина Суарез.