На 30.11.2021 во 10.00 часот на ул.„Благој Ѓорев“, пред трговски центар во Велес, патничко возило „хјундаи“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(27) од Велес удрило во пешак З.К.(78) од Велес.
Во несреќата З.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Извршен е увид на местото на несреќата.