Проектите на Пивара Скопје и ЕВН Македонија се најдоа помеѓу 8-те најдобри проекти во Источна и Југоисточна Европа кои градат доверба помеѓу бизнисот и локалните заедници.
Две членки на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) – Пивара Скопје и ЕВН Македонија,се избрани меѓу 8-те финалисти во “Иницијативата за Промовирање на Доверба во Бизнисот” која е поттикната одмрежата на АмЧамс во ЕвропаиЦентарот за меѓународни приватни претпријатија (CIPE) од Вашингтон.
Иницијативата има за цел да ги промовира најдобрите примери за тоа како компаниите ги применуваат ESG–критериумите(еколошко, социјално икорпоративноуправување) во пракса и ги унапредуваат своите бизнис операции на одржлив начин, притоа градејќи доверба и партнерство со локалните заедници.
Во иницијативата учествуваапроекти на повеќе од 30 компании членки на АмЧам асоцијациитеод 10 земји во Источна и Југоисточна Европа, а меѓу најдобрите 8 финалисти се избрани и проектите “Иницијатива за одржливост: Свет без отпад“ на Пивара Скопје и“Намалување на загаденоста на воздухот во Северна Македонија – Популаризација и овозможување на е-мобилност” на ЕВН Македонија, активни членки во ESG Kомитетот на АмЧам Северна Македонија.
Проектот на ЕВН Македонија се фокусира кон создавањето на потребна инфраструктура(станици за полнење) за масовно користење на електрични возила низ целата држава,придонесувајќи за севкупен„позелен“ сообраќај кој истовремено ќе има позитивно влијание и врз намалувањето на загаденоста на воздухот. Проектот на Пивара Скопје пак, има за цел да создаде одржлив систем за управување со отпадот од пакување,што вклучува организирано собирање и рециклирање, како и да ја подигне јавната свест. Сето ова во насока на намалување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина. Преку овој проект компанијатаизгради партнерствосо неколку клучни општествени чинители,како граѓански здруженија, институции и медиуми.