Народната банка објави повик за пријавување трудови за 41. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 41. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 22 декември. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 7 декември.

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. 

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

 Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

 

 

Треба да знаете
Последни објави