На 01.12.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода А.М.(24) и З.В.(19), двајцата од Скопје, поради сомнение дека на 30.10.2021 одзеле техничка стока од објект на ул.„Бутелска”, сопственост на А.Р. од Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.