Македонскиот претствник во Лигата на Шампионите, Вардар го претрпе и шесттиот пораз во низа во најсилното ракометно натпреварување. Пресилен за „црвено-црните“ овој пат беше моќниот Кил кој славеше со 32-30 со подобра игра во вторите 30. минути.
По натпреварот голманот на двократниот европски шампион, Мартин Томовски проблемот го најде во грешките кои беа казнети од страна на искусниот германски тим.
-Одигравме еден доста тежок натпревар, можеби Кил беше не така перфектен, но нашите грешки беа казнети. Токму затоа загубивме. Мора да се фокусираме на нашата игра во следниот период и да одиме понатаму. Сакам да му посакам на Кил се најдобро во следните натпревари, изјави Томовски.