Со два воени транспортни авиони утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма”, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.
-Бугарската страна ќе обезбеди два воено-транспортни авиона со кои утре изутрина ќе бидат транспортирани останките на загинатите во сообраќајната несреќа, изјави Ангелов на новинарско прашање по посетата на општина Штип.
Од Министерството за надворешни работи исто таканајавија дека утре претпладне, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе пристигнат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Република Бугарија.
Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички што се случи на 23 ноември на патот „Струма”, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени.