Вардар го доживеа шестиот пораз во низа во ЕХФ Лигата на шампионите, откако на тешкото гостување кај Кил имаше сили за само прво добро полувреме против бунделсигашот, на крајот губејќи со 32:30 (18:16).
„Црвено-црните“ поведоа на стартот на мечот, но Кил направи серија за 11:6 водство, пред да се стабилизира играта, и Вардар да замине на полувреме со два гола негатива (18:16). Во првите минути од второто полувреме, фаворитот повторно направи серија, од која потоа немаше враќање, иако момците на Веселин Вујовиќ направија интересе камбек во финишот.
Анте Кудуз имаше најдобар меч со 9 постигнати голови, додека пет додаде Жереми Тото, додека за Кил, Сандер Сагосен броеше до осум, а Домагој Дувњак и Свен Ерин имаа по пет гола.
ГРУПА А
Кил – Вардар 32:30 (18:16)
ГРУПА Б
Веспрем – Динамо Букурешт 47:32 (22:15)
Барселона – Порто 38:31 (20:13)
Пари Сен-Жермен – Кјелце 32:27 (16:14)