Денеска на Брдо кај Крањ продолжува Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан, на кој министрите за внатрешни работи разговараат за управувањето со миграцијата, азилот и границите, борбата против тероризмот, екстремизмот и радикализацијата и борбата против организираниот криминал и министрите за правда за владеењето на правото, судските реформи, подобрувањето на обука на судии и предизвици во дигитализацијата на правосудниот систем.
Учествуваат министрите за внатрешни работи на Западен Балкан, еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон, комесарот за правда Дидие Рејндерс и претставници на трите земји кои ќе бидат следните претседатели на ЕУ – Франција, Чешка и Шведска.