Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна со Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.
Груби му се заблагодари на амбасадорот Ангелов за брзата интервенција на бугарските власти со цел целосно расветлување на трагичниот настан во кој животот го изгубија 45 патници од Македонија, како и за третманот и укажаната грижа кон преживеаните.
Брзото и успешно затворање на спорот меѓу двете земји беше една од дискутираните теми на оваа средба помеѓу Груби и Ангелов, со цел да се забрза процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија.
Груби на средбата ја истакна посветеноста на Владата на стратешките цели кои таа ги има, почитувањето на Договорот за добрососедство и Преспанскиот Договор.
Груби и Ангелов се согласија дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, двете земји поставиле одлични основи за добра соработка меѓу двете земји.
Двајцата соговорници, се согласија дека двете земји ќе продолжат посветено да го имплементираат договорот и да ја зајакнат соработката помеѓу двете земји, во позитивна насока и со поголема волја за решавање на сите предизвици.