Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во интервју за Телевизија Сител посочи дека СДСМ има најголем човечки потенцијал од сите политички партии. Тој истакна дека има високо мислење за луѓето кои се избрани пред седум месеци а се дел од централниот и извршниот одбор на партијата. Ковачевски планира да создаде тим на професионалци кои ќе може ефикасно и одговорно да работат на сите позиции во владата но и во партијата.
„Врз основа на моето искуство во приватниот сектор каде голем дел од работата е токму управување со тимови и луѓе, ќе се потрудам да ги идентификувам најдобрите кадри во партијата и оние кои ќе може најдобро да одговорат на предизвиците, но исто ќе се обидам да привлечам стручни луѓе и надвор од партијата. Тоа е се во насока за зајакнување на капацитетот и справување со сите предизвици во институциите каде СДСМ раководи, но и во партијата, рече Ковачевски.
Тој истакна дека еден од постулатите на неговата е програма е токму подобрување на ефикасноста на работењето на партијата и сите луѓе кои работат на одговорни позиции во владата.
„Мојата програма предвидува зголемување на ефикасноста во работењето и давање на фер шанса на сите квалитетни луѓе кои може да придонесат. СДСМ треба и да ги зајакне комисиите во партијата кои треба да претставуваат место каде ќе се креираат политиките. Само така ќе може да го унапредиме целокупното функционирање на општеството и економијата“ – истакна Ковачевски.