При акциска контрола МВР открила и санкционирала 63 неисправни возила што вршат јавен превоз во земјава. Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.
-Министерството за внатрешни работи спроведе вчера во период од 8 до 11 часот спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани се 63 неисправни возила, се вели во денешното соопштение од МВР.
Од нив, 31 возило имало неисправен уред за запирање, а две возила неисправен уред за управување.
Од овие 63 возила, 22 биле санкционирани на територја на СВР Скопје, 16 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Тетово, пет на територија на СВР Штип… Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.