Во вечерашното издание на „Патот кон” во Алсат телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека предвремени парламентарни избори се потребни затоа што системот трул и нефункционален, а колку подолго останува оваа коалиција на власт, толку повеќе ќе губи народот.
-Потребни се брзи предвремени парламентарни избори и сега како што е состојбата нема да има за македонските граѓани ништо што е ново и креативно, така што колку подолго е оваа власт останува таму каде што е би рекол некредибилна, толку повеќе ќе губат македонските граѓани и тука нема етничка припадност, ќе губат Македонци, Албанци, Турци, Срби и Власи и Роми и Бошњаци, буквално сите, истакна вечерва Мицкоски.
Тој порача дека системот е трул и тоа е поради власта, а мора да се има луѓе кои ќе го менаџираат и ќе ги менаџираат вработените во системот, а потребни се луѓе кои ќе воведат дисциплина и кои ќе знаат да работат за да може системот за испорача резултати.
-Овие луѓе коишто се сега во власта, односно оваа коалиција СДСМ-ДУИ која речиси четири и пол половина години работи буквално на разнебитување и урнисување на системот, системот денеска е нефункционален, а последиците од таков трул систем ги гледаме секојдневно, такам беше со трагедијата во Ласкарци, која беше една друга транспортна компанија која превезува патници, така беше и со модуларната болница, целосно отсуство на одговорност, каде само продолжен кабел беше одговорен за таа несреќа, така и сега на експресниот пат Струма каде иако 45 луѓе го загубија животот повторно нема никаква одговорност, ниту морална, ниту било каква друга, тоа е она коешто недостасува кај оваа коалиција на власт, критикуваше Мицкоски во Алсат телевизија.
Според него, има механизми да ја принудат власта да прифати брзи парламентарни избори, не прецизирајќи кои би можеле да бидат тие, но тврди оние кои велат дека изборите ќе бидат регуларни во 2024 година, ќе се уверат дека ќе има избори на пролет.
По неуспехот на иницијативата за уривање на Владата, Мицкоски вели дека има постојана комуникација со Алијансата за Албанците и нејзиниот лидер Зиадин Села, но и со претседателот на Алтернатива Африм Гаши, чии неодамнешни постапки, вели – изградиле бариера меѓу нив.
Мицкоски наскоро ќе поднесе кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат, а засега нема противници.