Отворено со граѓаните – создаваме нова иднина е проект со кој граѓаните ќе можат да пријават злоупотреба на нивното право, поплака или проблем во општините каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник.
Ќе биде формиран посебен тим од професионалци од партијата, но и од експерти кои не се дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе бидат дел од тоа тело до кое граѓаните ќе можат да ги испраќаат своите поплаки и проблеми, злоупотребите кои би биле направени, да посочат на неправилности, но и да дадат пофалба каде што треба.
Преку овој проект граѓаните ќе можат да даваат оценка за реализација на програмата која што им била ветена од страна на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните очекуваат реализација на ветеното. Овој проект ќе биде пресликан и на централно ниво по преземање на централната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се бори против секоја злоупотреба, добробита на граѓаните, владеењето на правото и реализација на проектите се наш императив.