Зборови полни со неверување, со тага објавуваат голем број актери и јавни личности кои се простуваат од актерот Славиша Кајевски кој трагично почина на 39 години.
-Да се биде или не прашање е сега; да издржиш пред стрелите на бесната судбина… Да заспиеш и ништо повеќе , спиејќи да кажеш – крај му ставив на срцеболот од животот што ова тело ги наследило… Нека ти е светол патот пријателе! Имаше во тебе многу љубов, пријателство, посветеност и огромна верба во театарот и професијата. Vita brevis, ars longa, пишува на Фејсбук поранешен директор на МНТ и режисер, Дејан Пројковски.