Европската перспектива на Македонија е една од темите за кои разговарале претседателите на Бугарија и на Германија, Румен Радев и Франк-Валтер Штајнмаер на работата средба во Стразбур пренесуваат бугарските медиуми. Бугарскиот претседател Радев искажал оќчекувања дека со активен билатерален дијалог на високо ниво можат да се решат спорните прашања меѓу двете соседните земји.
Како што објави БНТ, Радев изјавил дека Македонија треба да покаже европска зрелост и почитување на вредностите на Европската Унија со преземање конкретни активности за запирање на говорот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научните институции, во медиумите, за да се запрат фалсификувањата на бугарското културно-историско наследство и особено за почитување на правата на своите граѓани, кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет.
Покрај темата за Македонија на средбата, меѓу другото се разговарало и за прашањето за влегување на Бугарија во Шенген зоната, за што како што рекол Радев, земјата постигнала техничка подготвеност уште во 2011 година.
Двајцата претседатели се согласиле дека Европската Унија треба да биде многу поактивна во барањето мирно и одржливо решение за кризите во соседните региони, кои се и причина за зголемениот миграциски притисок врз Европа.