Од новата варијанта на коронавирус Омикрон постои трипати поголем ризик од повторна инфекција од моментално доминантниот вид Делта и Бета видот на вирусот, соопштија денеска група јужноафрикански здравствени тела.
Јужноафриканскиот центар за епидемиолошко моделирање и анализа, заедно со Националниот институт за заразни болести, соопштија дека најновите наоди „обезбедуваат епидемиолошки докази за способноста на Омикрон да го избегне имунитетот од претходни инфекции”.
Нивното соопштение беше објавено откако група јужноафрикански здравствени организации објавија прелиминарна верзија на трудот, која беше претставена на научната јавност, која треба да го анализира и одобри пред да биде објавен во научно списание.