Ве известуваме дека заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ќе реализира службено патување во Црна Гора.
За време на службеното патување, Вицепремиерот Битиќи, ќе се сретне со потпретседателот на Владата на Црна Гора, д-р Дритан Абазовиќ и со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ, а ќе учествува и на „Самитот на шефови на влади на Централно Европската иницијатива”.
За време на Самитот, вицепремиерот Битиќи ќе учествува на посебниот настан, „Патоказ за здравјето и благосостојбата на Западен Балкан”, на „Пленарната сесија на шефовите на Владите на Централно Европската иницијатива”, како и на панелот на кој ќе се дискутира пост-пандемската иднина во Европа.