Тренерот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Рома, трофејниот португалски стратег Жозе Мурињо кој знае да изненади со своите потези и изјави, имаше пофалби за својот тим и покрај поразот во 15. коло од Серија А на гостувањето кај Болоња (0:1). Сепак, „специјалниот“ по натпреаврот даде изненадувачка изјава кога е во прашање неговиот играч Николо Заниоло. На тренерот на „ римската волчицата“ Мурињо виновни за поразот му се судиите. Отворено ги критикуваше, а на Заниоло му порача да ја напушти Серија А.
Над Заниоло беа направени повеќе прекршици, а некои од нив не беа ниту досудени, иако беа очигледни. Доби и престрог жолт картон поради наводна глума ! Заниоло имаше две големи повреди иако е млад фудбалер. Мурињо смета дека во Серија А судиите не само што не го заштитуваат, туку и со нивните одлуки му ја отежнуваат ситуацијата, па го советува да си оди од оваа лига.
-Секоја чест за Болоња, ја заслужија победата. Ќе му дадам еден совет на Заниоло. Бегај од Италија, овде работите станаа невозможни, изјави Мурињо.
https://streamable.com/7rggsf