Европратеници бараат мониторинг на случајот Камчев преку Делегацијата на ЕУ во Скопје и одговор од ЕК за континуирано кршење на неговите човекови права

Четворица пратеници на Европскиот парламент покренуваат прашања до Европската комисија во врска со незаконскиот притвор на Јордан Камчев и континуираното кршење на неговите основни човекови права.

Прашањата кои тие ги покренуваат до Европската комисија се однесуваат на тоа како Европската комисија планира да ја насочи поддршката на Европската Унија за Северна Македонија доколку постои контиунирано кршење на човековите права во земјата и докази за полициска бруталност.

Во тој контекст, четворицата пратеници на Европскиот парламент поставуваат конкретни прашања пред Европската комисија за случајотпротив Јордан Камчев кој е обвинет за финансиски мотивирани, ненасилни злосторства, но е притворен под животно загрозувачки услови и покрај тоа што боледува од вродена срцева болест. Постапкатаукажува на незаконски контекст (жалба за белешка од тајната служба, потенцијално пристрасен одговорен обвинител, 8 продолжувања на 30-дневен притвор, злоупотреба на фотографии од притворениот на неодамнешните избори од страна на владејачката партија…). Дополнително, неразбирлива е и одлуката покрај независните медицински препораки властите да одбијат да го преместат притвореникот во домашен притвор.

Во истите прашања тие потсетуваат и на пресудата на Европскиот суд за човекови права против С. Македонија за докажана мотивирана полициска бруталност во случајот со г-дин Фатмир Мемедов.

Во прашалникот до Европската комисија овие четворица пратеници бараат мониторинг на случајот против Јордан Камчев преку Делегацијата на ЕУ во Скопјеибараат конкретни одговорина прашањата во однос на тоа како Комисијата планира да ја насочи поддршката на ЕУ за Северна Македонија со цел да се елиминира повторно кршење на човековите права?

 

Исто така, на кој начинКомисијата ќе го поддржи унапредувањето на полициските методи во Северна Македонија со оглед на доказите за расистички мотивирана полициска бруталност?

 

Дали Комисијата ќе ја следи постапката на г-дин Камчев од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и ќе ги повика властите во Северна Македонија целосно да ја почитуваат Европската конвенција за човекови права?

 

 

Треба да знаете
Последни објави